mercredi 26 octobre 2011

ХЕМИСКО СМЕТАЊЕ- повторување

Пресметување врз основа на хемиски формули и равенки

1. Пресметување врз основа на хемиски формули

a) Наоѓање на составот на соединение чија формула е позната

Задача 1. Пресметај ги молските
(x) и масените(w) удели(во проценти) на C и O во

CO2!

Решение: x(C,CO2)= 33,33%; x(O,CO2)=66,67% ;

w(C,CO2)= 27,3%; w(O,CO2)= 72,7%

б) Наоѓање на формула на соединение ако е познат составот:наједноставна(емпириска) и вистинска(молекулска) формула

Задача 2. Во еден од оксидите на азотот, содржината на азотот е дадена со w(N)=30,5%.

a) Која е наједноставната формула на овој оксид?

Решение: NO2

б) Која е вистинската формула на оксидот ако знаеш дека неговата релативна молекулска маса е 92?

Решение: N2O4

2. Пресметување врз основа на хемиски равенки

Во израмнета хемиска равенка односот на стехиометриските коефициенти на одделните учесници во реакцијата го дава односот на количествата на изреагираните реактанти, одн. на на образуваните продукти на реакцијата.

а) Учесниците во реакцијата се наоѓаат во стехиометриски однос
:
Задача 3 Колкава маса на жива се добива со разложување на 108 g HgO?

2HgO → 2Hg +O2 Решение: m(Hg)=100 g

б) Учесниците во реакцијата не се наоѓаат во стехиометриски однос, се добиваат онолку продукти колку што дозволува количеството на оној реактант што го има помалку отколку што би требало ако реактантите се во стехиометриски однос.

Задача 4. Колкава ќе биде масата на железото што ќе се добие ако редукцијата на 1000 kg железо оксид се врши со 350 kg јаглерод моноксид?

Fe2O3 + 3CO → 2Fe +3CO2

Решение n(Fe2O3)=6262,09 mol, n(CO)=12495,54mol

n(CO)=3xn(Fe2O3), n(Fe)=2/3xn(CO)=8330,36mol, m(Fe)=465,226kg

samedi 8 octobre 2011

Повторување- ВОВЕД ВО ХЕМИЈАТА

1. Дополни ги следните искази:

a) Хемијата се занимава со _________________________________________________________

б) Хемиски промени се ________________________________________________________________

в) Органската хемија ги проучува________________________________________________________

г) Законот за постојани масени односи гласи:____________________________________________________________

д) Експеримент е ________________________________________________________________

ѓ) Смесата на јод и сол може да се раздели со __________________________________________________________________

е) Валентност е ___________________________________________________________

2. Пополни ја следната табела:

Назив на елементот

хемиски симбол


се пишува

се чита

калциум


цe-a


Ne




ха-ге

фосфор




Au


хром





бе-ер

3. Напиши ги хемиските формули на соединенијата составени од:

а) сулфур и кислород во кој масениот однос на елементите е 32:32;

б) калиум, манган и кислород во кој масениот однос на елементите е 39:55:64!

4.а) Покажи каков е односот на масите на хром и кислород во CrO3и Cr2O3?

б) Покажи каков е односот на масите на кислород во овие оксиди?

5. Определи ја валентноста на елементите во следните соединенија и напиши ја над симболот на елементот:

HCl H2O H2S NH3 PH3 SiH4 HBr

Na2O NO2 Al2O3 SiO2 Ti2O5 Cl2O7 CrO3

HNO3 H2SO4 H3PO4 H3PO3 H3AsO3 HIO4 HNO3

HClO4 HClO3 HNO2 KMnO4

MgS NaCl CaCO3

Од овие атоми променлива валентност имаат : _____________________________________

6. Определи ја валентноста на атомските групации:

KNO3 Li2SO4 H3PO4 H3PO3 H3AsO3 HIO4 HNO3

Ca(NO3)2 MgSO4 CaSO4 Al2(SO4)3 Ca3(PO4)2 NaNO2 H2CO3

7. Состави ги формулите на следните соединенија, ако ја знаеш нивната валентност:


a) бакар(II) и сулфур(II) _________ б)хром(III) и кислород ____________

в) манган(II) и хром(I) __________ г) железо(III) и сулфур(II) _________

II VII V IV

д) Cd O _________ ѓ) Mn O ________ e) P O ________ ж) Sn O _________

8. Израмни ги равенките:

a) CaO + HCl CaCl2 + H2O

б) Na2O2 + H2O NaOH + O2

в) AgNO3 + AlCl3 AgCl + Al(NO3) 3

г) Al2(SO4)3 + NH4OH Al(OH)3 + (NH4)2SO4

д) ZnS + O2 ZnO + SO2

ѓ ) K2Cr2O7 + BaCl2 + H2O BaCrO4 + KCl + HCl

е) AsCl5 + H2S As2S5 + HCl

ж) Pb + PbO2 + H2SO4 PbSO4 + H2O

з) Ca3(PO4) 2 + H2SO4 Ca(H2PO4) 2 + CaSO4

и) Fe2O3 + CO Fe + CO2

j) NH3 + O2 H2O + N2

к) Cu + H2SO4 CuSO4 + H2O + SO2

л) FeCr2O4 + C Fe + CO + Cr

9. Пополни ја следната табела:

Физичка величина

Единица

назив

ознака

назив

ознака

должина





m





секунда





A

термодинамичка температура





n





кандела


10. a) Во величинската равенка: n = 3 mol, единица е ________ , бројна вредност е _______ , величина е _________ .

б) Величини кои се јавуваат во величинската равенка m = M · n, се: (со зборови) ___________________________________________ и од нив основни се: ____________________.

11. Реши ги следните задачи:

a) Пресметај ја моларната маса на PbO2, Al2(SO4)3, NH4OH, Al(OH)3, (NH4)2SO4 , CuSO4·5H2O, CaSO4· 2H2O!

б) Претстави ја моларната маса на бакар во kg·mol-1!

в) Колкава е масата на 8,2 мола натриум хипохлорит-NaClO?

г) Колкаво количество железо се содржи во 139,85 g железо?

д) Колкав волумен зафаќаат150 g амонјак (NH3)при с.у.?

ѓ) колку мола Ca(OH)2 има во 500 g Ca(OH)2?

e) Колку атоми на сулфур има во количество од 5 мола?

ж) Дали парче алуминиум кое содржи 1030 атоми ќе има поголема маса од парче цинк кое содржи 1024aтоми? з) Кој гас при с.у. ќе има поголем волумен и маса: CO кој содржи 2·1025 молекули или CO2 кој содржи 4·1024 молекули?

Membres

Qui êtes-vous ?

Ma photo
Сузана Стојчевска, професор по хемија Suzana Stojchevska, professeur de chimie