jeudi 8 novembre 2012

ВЕЖБИ-ЗАДАЧИ ОД ХЕМИСКО СМЕТАЊЕ

1. Пресметај масен и молски удел на:
а) N, H и О во NH4NO3
б) H и O во (NH4)2SO4
в) Cu, H, S и O во CuSO4.5H2O
г) Ca, P и О во Ca3(PO4)2
д) Fe, S и O во Fe2(SO4) 3

2. Најди ја емпириската и вистинската формула на оксид на арсен ако масениот удел на арсенот во оксидот е 75,76%. (Релативната молекулска маса на оксидот е 198).

3. Најди ја емпириската и вистинската формула на оксид на хлор ако масениот удел на хлорот во оксидот изнесува 38,50%. (Релативната молекулска маса на оксидот е 182).

4. Најди ја вистинската формула на соединение составено од водород, фосфор и кислород ако масениот удел на водород е 3,66%, на кислород е 58,53%. (Релативната молекулска маса на соединението изнесува 82).

5. Колку по количество, маса и волумен(при с.у.) на CO2 се ослободува при согорување на пропан (C3H8) со маса 1,25 килограми?
C3H8 + O2 → CO2 + H2O

6. Колкава ќе биде масата на железо што ќе се добие ако редукцијата на 150 килограми железо(III) оксид се врши со 100 килограми јаглерод моноксид?
Fe2O3 + CO → Fe + CO2

7. Колку по количество, маса и волумен при с.у. на CO2 се ослободува при целосно согорување на хексан (C6H14) со маса 2,5 килограми?
C6H14+ O2 → CO2 + H2O

8 Колкава маса на кислород се троши при процес на пржење на сфалерит(ZnS) со кислород, при што се ослободува сулфур диоксид и цинк оксид со маса од 1,5 килограми?
ZnS + O2→ ZnO + SO2

9. Колкава маса на H2O се ослободува при согорување на етан со маса 0,55 килограми?
C2H6 + O2 → CO2 + H2O

10. При согорување на фосфор чија маса е 3,1 грам во вишок од кислород се добива оксид чија маса е околу 7,1 грам.
а) која е наједноставната формула на овој оксид?
б) која е вистинската формула на овој оксид на фосфорот ако моларната маса на оксидот е околу 284g/mol.

Membres

Qui êtes-vous ?

Ma photo
Сузана Стојчевска, професор по хемија Suzana Stojchevska, professeur de chimie