mercredi 26 octobre 2011

ХЕМИСКО СМЕТАЊЕ- повторување

Пресметување врз основа на хемиски формули и равенки

1. Пресметување врз основа на хемиски формули

a) Наоѓање на составот на соединение чија формула е позната

Задача 1. Пресметај ги молските
(x) и масените(w) удели(во проценти) на C и O во

CO2!

Решение: x(C,CO2)= 33,33%; x(O,CO2)=66,67% ;

w(C,CO2)= 27,3%; w(O,CO2)= 72,7%

б) Наоѓање на формула на соединение ако е познат составот:наједноставна(емпириска) и вистинска(молекулска) формула

Задача 2. Во еден од оксидите на азотот, содржината на азотот е дадена со w(N)=30,5%.

a) Која е наједноставната формула на овој оксид?

Решение: NO2

б) Која е вистинската формула на оксидот ако знаеш дека неговата релативна молекулска маса е 92?

Решение: N2O4

2. Пресметување врз основа на хемиски равенки

Во израмнета хемиска равенка односот на стехиометриските коефициенти на одделните учесници во реакцијата го дава односот на количествата на изреагираните реактанти, одн. на на образуваните продукти на реакцијата.

а) Учесниците во реакцијата се наоѓаат во стехиометриски однос
:
Задача 3 Колкава маса на жива се добива со разложување на 108 g HgO?

2HgO → 2Hg +O2 Решение: m(Hg)=100 g

б) Учесниците во реакцијата не се наоѓаат во стехиометриски однос, се добиваат онолку продукти колку што дозволува количеството на оној реактант што го има помалку отколку што би требало ако реактантите се во стехиометриски однос.

Задача 4. Колкава ќе биде масата на железото што ќе се добие ако редукцијата на 1000 kg железо оксид се врши со 350 kg јаглерод моноксид?

Fe2O3 + 3CO → 2Fe +3CO2

Решение n(Fe2O3)=6262,09 mol, n(CO)=12495,54mol

n(CO)=3xn(Fe2O3), n(Fe)=2/3xn(CO)=8330,36mol, m(Fe)=465,226kg

Aucun commentaire:

Enregistrer un commentaire

Membres

Qui êtes-vous ?

Ma photo
Сузана Стојчевска, професор по хемија Suzana Stojchevska, professeur de chimie